Поштарот малку поднаведнат од тежината на поштата ми донесе еден куп разни сметки за плаќање и каво ли изненадување,ЧЕСТИТКА.Честитка за успешниот бизнис од пред пет години.Бизнис кој воопшто и не го стартував поради многу причини.Единствен бенифит од тој бизнис ми е чуството дека сеуште ме водат во некои книги како успешен граѓанин на оваа заедница кој не фигурира на списокот за невработени лица,не побарува никакви социјални пакети и од година во година му се зголемуваат долговите по разни основи а најмногу како ГЛОБА за неподнесување на завршна сметка за работа на фирма која воопшто не е ниту стартувана со бизнис.
Дали во авионот има пилот.Да ми честиташе државата,од срце ќе ја дадев на суд ама ова е уште полошо.Честитката доаѓа од кого друг ако не од ВМРО-ДПМНЕ.
...
Read more »